КИНЕЗИТЕ ЈА ПОНИЖИЈА УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН И НА ЗАМИНУВАЊЕ! Ја испратиле на аеродром без ВИП-третман!?
Фон дер Лајен била ладно примена за време на нејзината посета на Кина, додека Макрон бил пречекан со полни почести.
Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен беше понижена за целиот тек на посетата на Пекинг заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, а понижувањата кулминираа на испраќањето – јавуваат западни медиуми.
По посетата, официјален Пекинг ја испрати Урсула фон дер Лајен назад во Европа како редовен патник на аеродромот, без ВИП или некој друг посебен третман.
Францускиот политичар Флоријан Филип истакна дека кинеските власти ја игнорирале шефицата на Европската комисија при нејзината посета на оваа земја.
Таа го придружуваше францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Кина, а поранешен пратеник во Европскиот парламент и лидер на движењето Патриот истакна дека таа е прилично лута поради приемот и третманот што го добила.
– Лош прием, целосно запоставување, дури мораше да ја напушти државата со редовен лет! Беше бесна! Прекрасно! – напиша тој на Твитер.
Претходно, европското издание „Политика“ објави дека Фон дер Лајен била ладно примена за време на нејзината посета на Кина, додека Макрон бил пречекан со полни почести. Како што наведоа, шефицата на Европската комисија била пречекана од министерот за животна средина на Кина, што не одговара на рангот на Фон дер Лајен. За време на средбата со Фон дер Лајен, кинескиот претседател Ши Џинпинг јасно стави до знаење дека Кина нема да прави отстапки кога е во прашање Тајван.
Покрај пречекот и средбата, во „Политика“ беше посочено и дека францускиот претседател Емануел Макрон многу почесто се среќавал со кинескиот лидер Ши Џинпинг, отколку со Фон дер Лајен и тоа во овој период кога односите меѓу Кина и САД се доста напнати.
Урсула фон дер Лајен одржа говор во Центарот за европска политика пред нејзината посета на Кина, кој кинескиот амбасадор во ЕУ, Фу Конг, во најмала рака го исмејуваше, велејќи дека кој и да го напишал нејзиниот говор навистина не ја разбира Кина и нејзините ставови.