Кинез нарачал маска против ковид-19 вредна 1,5 милиони долари ВИДЕО

643

Израелската компанија за накит соопшти дека работи на најскапата маска против коронавирусот во светот, која ќе биде направена од бело злато и покриена со дијаманти, а ќе чини 1,5 милиони долари.

18-каратната маска со бело злато ќе биде украсена со 3.600 бели и црни дијаманти со ефикасни филтри Н99 на барање на клиентот, изјави креаторот на маската, Исак Леви.






Леви, сопственик на компанијата „Јвен“, рекол дека купувачот има две барања – да биде довршена до крајот на годината и да биде најскапа. Вториот услов, рекол тој, бил најлесен за исполнување.

Порачката за една таква маска е на кинески бизнисмен кој живее во САД. Според изработувачите, маската ќе тежи околу 270 грама, што е речиси 100 пати повеќе од обичната медицинска маска.

– Една ваква маска може да биде сериозен предизвик во време на економска криза, кога стотици милиони луѓе ги загубија своите приходи, смета Леви.

 

Поврзани содржини