КИНА И ОФИЦИЈАЛНО Е НАЈБОГАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ Ѝ бега на Америка со 30 трилиони долари

Сепак и во двете земји, богатството е во рацете на само 10 отсто од најбогатите жители.

390

И официјално, Кина, а на САД е најбогатата земја во светот, тврди новиот извештај на McKinsey & Co., тврди порталот Блумберг. Вредноста на Кина пораснала од 7 на дури 120 трилиони долари во последните 20 години и со тоа им ја одзеде титулата на Соединетите Американски Држави кои вредат околу 90 трилиони, пишува ИФЛ Наука. Сепак и во двете земји, богатството е во рацете на само 10 отсто од најбогатите жители.

Истовремено, како што Кина растела за да се искачува на списокот со неа се зголемила и бројката на вкупната вредност на светското богатство, кое „скокнало“ од 156 на 514 трилиони долари во истиот период.






фото: pixabay.com

Се смета дека економскиот пораст на Кина се забрза откако таа стана членка на Светската трговска организација (СТО), меѓувладина организација која ја регулира трговијата меѓу нациите. Земјите имаат корист од членството бидејќи СТО им помага да ги постават правилата со кои ќе тргуваат со остатокот од светот.

Како и да е, напредокот на Кина може и да забави и да ѝ се случи нешто налик на економската криза во САД во 2008 година, сметаат некои експерти. Тогашната криза во САД ја предизвика падот на станбената економија, а зголемувањето на цените на недвижностите во Кина, кои засега го стимулираат нејзиниот раст, може да навестува и вакво нешто. Да се потсетиме, кризата во САД во 2008 година потоа стана глобална економска катастрофа.

Поврзани содржини