Старлетата Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Канје Вест имале жестока расправија во автомобилот, при нејзината посета на неговиот ранч во Вајоминг, по јавните испади на раперот, јавуваат локалните медиуми.
Канје ја обвини мајката на Ким, Крис Џенер, дека е манипулаторка и дека Ким го изневерувала со раперот Мик Милк, па на крајот ѝ се извини на Ким за откривањето на деталите од нивниот брак, дека сакал таа да го абортира нивното прво дете, ќерката Норт. Се чини дека сето тоа земало замав, па Ким била видно потресена, што резултирало во жестока дискусија, но и со солзи, а сè било забележано од папараците.
Познатиот пар е фотографиран како се расправа во автомобилот, каде Ким дури плачела и викала на сопругот. Медиумите исто така тврдат дека Ким е свесна дека Канје е татко на нејзините деца и дека разводот ќе го уништи нивното семејство, па затоа се обидува да ја среди ситуацијата на сите можни начини.