Ким Јонг Ун нареди заплена на сите кучиња – постои сомнеж дека ќе завршат на трпеза
Ким уште во јули издаде наредба за издвојување на домашните миленици, а тогаш тој тврдеше дека тие се дел од расипничкиот тренд на буржоаската идеологија, објави јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, наредил заплена на сите домашни миленичиња во земјата, тврдејќи дека кучињата претставуваат западна декаденција, но како што јавува „Њујорк Пост“, најверојатно животните ќе завршат на трпеза.
Ким уште во јули издаде наредба за издвојување на домашните миленици, а тогаш тој тврдеше дека тие се дел од расипничкиот тренд на буржоаската идеологија, објави јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“.
Но, додека тамошната власт тврди дека тој чекор е за сузбивање на капиталистичката екстраваганција во Пјонгјанг, сопствениците на кучиња сметаат дека поради недостиг на храна во Северна Кореја – и склоноста за консумирање кучешко месо, донесена е одлука за да се нахрани населението во Северна Кореја.