📷 КИМ КАРДАШИЈАН БЕЗОБРАЗНО СЕ ПОШЕГУВА НА СМЕТКА НА ПРИНЦЕЗАТА „На пат да ја пронајдам Кејт“, објави старлетата
Среде големата загриженост на обожавателите на кралското семејство, ријалити ѕвездата реши да се пошегува и на социјалните мрежи сподели серија свои фотографии со натпис „На пат да ја пронајдам Кејт“.
Дури и Ким Кардашијан (43) сака да знае каде исчезна принцезата Кејт Мидлтон (42). Среде големата загриженост на обожавателите на кралското семејство, ријалити ѕвездата реши да се пошегува и на социјалните мрежи сподели серија свои фотографии со натпис „На пат да ја пронајдам Кејт“. Додека некои ја сфатија шегата, некои сметаа дека е непотребна.
На фотографиите Ким позира во црни, кожени панталони кои имаат необични детали, а ги искомбинирала со топ блуза. Својот стајлинг го комплетирала со блескав накит, додека русата коса ја пуштила во меки локни.
– На пат да ја пронајдам Кејт – напишала старлетата во описот.
View this post on Instagram
Во раката носела мала дизајнерска чанта, а на фотографиите Ким позирала на различни локации.
Иако многумина ја сфатиле нејзината шега, Ким наиде на негативни коментари.
„И луѓето од вашето семејство исто така се криеја, особено за време на бременоста или поради некои други медицински причини“, „Ова воопшто не е смешно, дури е невкусно за твоите години“, „Исмејувањето на жена која имала медицински проблем е безобразнио“, напишаа некои во коментарите.
Неодамна Кенсингтонската палата сподели фотографија на која принцезата Кејт Мидлтон позира со своите деца за Денот на мајката, а британската јавност не престанува да зборува за спорната фотографија. Фановите на кралското семејство забележале дека фотографијата е фотошопирана, што подоцна и самата Кејт го призна и се извини.
Инаку, принцезата на 16 јануари беше оперирана во клиника во Лондон, но деталите за нејзината состојба останаа тајна. Од тешката операција, принцезата не е видена во јавноста, а од палатата додаваат дека принцезата е „добро“.