Киднапирани 39 ученици од училиште во Нигерија

Нападот го извршила голема група „непознати вооружени разбојници“, на што одговорила војската и успеала да спаси 180 ученици и вработени.

182

Во напад врз училиште во северозападниот дел на Нигерија синоќа се киднапирани 39 ученици, само неколку недели по слично масовно киднапирање во истиот регион, соопштија локалните власти.

Според полицијата, киднапирани се 23 девојчиња и 16 момчиња, како и неколкумина вработени во училиштето за шумарство.






Нападот го извршила голема група „непознати вооружени разбојници“, на што одговорила војската и успеала да спаси 180 ученици и вработени.

Засега не се знае колкумина од киднапираните ученици се повредени, но потрагата е во тек.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш остро го осуди киднапирањето и повика „итно и безусловно ослободување на заробените ученици“.

Кон крајот на февруари напаѓачи киднапираа 279 ученици, исто така, во северозападниот дел на Нигерија. Тие се ослободени по преговори меѓу киднаперите и Владата, но не е објавено дали властите платиле откуп. Вооружените банди киднапираат деца поради откуп или ослободување на нивни упасени припадници.

Поврзани содржини