КИЧЕВЧАНКА ЗАГИНА ВО ПОЖАР ВО СВОЈОТ СТАН Телото на 72-годишната жена е дадено на обдукција

На 07.05.2025 во 23.32 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во стан на улицата 4 Јули во Кичево, сопственост на З.С.(72) од Кичево, се вели во полицискиот билтен.

314

Сопственичката на стан на улицата 4 јули во Кичево изгорела во пожар што го зафатил станот, информираше ОВР Кичево. Според полициското соопштение, смртта на 72-годишната З.С. била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

„На 07.05.2025 во 23.32 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во стан на улицата 4 Јули во Кичево, сопственост на З.С.(72) од Кичево“, се вели во полицискиот билтен.






По увидот на екипа од ОВР Кичево телото било дадено на обдукција.

 

Поврзани содржини