Кичевчанец тешко повреден во сообраќајка со велосипеди

277

На регионалниот пат Кичево – Демир Хисар во близина на селото Пополжани, вчера во 12:45 часот се случила собраќајна незгода во која 55-годишниот О.Н. од Кичево се здобил со тешки телесни повреди и со медицинско возило бил префрлен во Општата болница во Кичево, информираше портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

– Тој, управувајќи велосипед марка „Каприоло“, со предното тркало удрил во задното тркало на велосипедот што бил пред него, марка „Рог“, управуван од 54-годишниот В.П. од Кичево. Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево – истакна Димоски.

Поврзани содржини