Фрчат казни за неносење маски, но колкумина ги плаќаат?!
Од процесниот Закон за прекршоци (С. Весник бр. 99/12) странките имаат право на жалба при што во прв степен одлучува Одделот за прекршоци при МВР, додека во втор степен Владина второстепена комисија за прекршоци.
Министерството за внатрешни работи (МВР) од 1 мај годинава заклучно со 23 јуни има евидентирано вкупно 20.327 прекршоци по основ неносење заштитна маска во висина од 20 евра во денарска против вредност, но од МВР за Плусинфо велат дека немаат точен податок колку од овие прекршоци досега се наплатени.
Од ресорното Министерство велат дека согласно одредбите од процесниот Закон за прекршоци (С. Весник бр. 99/12) странките имаат право на жалба при што во прв степен одлучува Одделот за прекршоци при МВР, додека во втор степен Владина второстепена комисија за прекршоци.
– Исто така ве информираме дека согласно одредбите од овој закон, доколку во рок од осум дена граѓанинот се одлучи да го плати прекршочниот платен налог, тогаш ја уплаќа половината од казнената сума (во случајот половина од пропишаните 20 евра), а процесниот дел важи доколку казната не е платена во законски пропишаниот рок, кога за истата одлучува Одделот за прекршоци – велат за Плусинфо од МВР.
Оттаму додаваат дека воведувањето на оваа мерка е согласно Уредбата на Владата од 22 април годинава, а која што во репресивниот дел стапи на сила на 1 мај.
– Согласно Уредбата, член 4, надлежни за надзор врз спроведување на мерките од истата се МВР, Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, сите во доменот на своите законски надлежности – ни изјавија од Министерството за внатрешни работи.