Казни за 659 граѓани за неносење маски, решенија за изолација добиле 366 лица

343

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишало изјава за самоизолација, информира МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација.






Исто така по однос на мерката за неносење лична  заштита на лице регистрирани се  659 прекршоци.

 

Поврзани содржини