Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување и возење под дејство на алкохол, прекршоци кои се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици, информира МВР.
– На територијата на целата држава санкционирани се 151 возачи за непрописно престигнување, а 62 возачи затоа што возеле под дејство на алкохол. Санкционирани се и 446 други прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот – велат од МВР.