Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територијата на Драчево изречени се вкупно 101 мерка, од кои 14 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила, шест за брзо возење, две за возење под дејство на алкохол, девет санкции за користење на мобилен телефон – велат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.