Казната од десет секунди неутрализирана, Хамилтон победи на Силверстоун

Неверојатен старт ни донесе трката кога главните ривали за шампионската титула Луис Хамилтон и Макс Ферстапен имаа страшен дуел во кој на крајот подебелиот крај го извлече возачот на Ред Бул.

210

Луис Хамилтон на неверојатен начин успеа да стигне до 99 победа во Формула 1 шампионатот откако славеше на големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун.

Неверојатен старт ни донесе трката кога главните ривали за шампионската титула Луис Хамилтон и Макс Ферстапен имаа страшен дуел во кој на крајот подебелиот крај го извлече возачот на Ред Бул.






По инцидентот актуелниот шампион Хамилтон доби десет секунди казна, но и покрај тоа успеа на два круга до крајот да го стигне изгубениот Шарл Леклер на Ферари кој не може да задржи ниту една предност и да стигне до нов триумф. Подиумот го надополни Валтери Ботас на Мерцедес.

Во топ 10 уште завршија и Норис, Рикардо, Сајнц, Алонсо, Строл, Окон и Перез. Во генералниот пласман Луис Хамилтон ја намали предноста на Макс Ферстапен на само седум бода.

Поврзани содржини