КАЗНА И ДО ПЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР Откриени над 110.000 лажни ковид-сертификати во Франција

Затворските казни се веќе изречени, пред сѐ за корисниците на сертификати - рече министерот за внатрешни, додавајќи дека казните можат да бидат и до пет години.

4,225

Во Франција циркулираат 110.000 лажни ковид-потврди, објави Франс прес, повикувајќи се на извори блиски до министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

– Имаше повеќе од сто апсења во 400 истраги што беа отворени откако потврдата за ковид стана задолжителна на некои места во текот на летото – рече Дарманин за телевизијата Франс 2.






Апсењата се однесуваат и на корисниците на лажни сертификати за ковид и на мрежата што ги продава, објаснуваат изворите.

Во соработка со здравствените работници

– Проблемот со лажните потврди е што тие често се издаваат во соработка со лекари или медицински сестри – рече министерот, велејќи дека тоа е „тешко да се докаже“.

– Затворските казни се веќе изречени, пред сѐ за корисниците на сертификати – рече Дарманин, додавајќи дека казните можат да бидат и до пет години. Но, тој додаде дека е за прекин на истрагите против оние кои имаат лажен сертификат, но се подготвени да ги почитуваат правилата.

Според најновите податоци, повеќе од 3.000 пациенти се на одделенијата за интензивна нега низ Франција, а бројот може да достигне 4.000 за време на божиќните и новогодишните празници, предупреди претходно портпаролот на француската влада Габриел Атал.

Поврзани содржини