КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА СУМ ЈАС! Бившата му го скршила прозорецот, а не бугаромразачи

Сопругата на секретарот синоќа јавно на Фејсбук напиша дека таа го искршила објектот поради нивни меѓусебни недоразбирања и изнесе причини поради кои е гневна и поради кои го искршила објектот. Таа порача дека и во соседна Бугарија треба да ги известат дека токму таа го нападнала објектот.

2,552

Поранешната сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го искршила стаклото од киоскот во негова сопственост кој го користел за продавање на свеќи и цвеќиња, лоциран на патот кон црквата Света Недела во Битола.

Вчера од Културниот центар објавија дека е нападнат објектот на секретарот на Културниот центар Иван Михајлов во Битола. Тие соопштија дека случајот е пријавен во СВР Битола, но и во генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.






„Повторно се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго“, рекоа вчера од Културниот центар.

Сопругата на секретарот синоќа јавно на Фејсбук напиша дека таа го искршила објектот поради нивни меѓусебни недоразбирања и изнесе причини поради кои е гневна и поради кои го искршила објектот. Таа порача дека и во соседна Бугарија треба да ги известат дека токму таа го нападнала објектот.

– Полициски службеници презеле мерки и било утврдено дека сторител е неговата поранешна сопруга, која во службен разговор со полициски службеници во Полициската станица Битола го признала делото и појаснила дека го сторила поради нивни недоразбирања. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 243 од Кривичниот законик – рекоа од МВР.

Поврзани содржини