КАВГА ЗА НОЛЕ ВО БЕЛАТА КУЌА Невакцинирани мигранти може да влезат во САД, но не и најдобриот тенисер (ВИДЕО)

Портпаролката на Белата куќа, Карина Жан Пјер се обиде да се направи наивна и праша кој е тој тенисер, по што доби одговор дека станува збор за Ѓоковиќ.

1,777

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше една од темите на прес-конференцијата за новинарите во Белата куќа, зашто тој не смееше да влезе во САД бидејќи не е вакциниран и не може да настапи на Ју-Ес Опен.

Репортер на „Фокс Њуз“, Питер Доси постави интересно прашање до администрацијата на претседателот Џо Бајден.






– Како може во САД да влезат невакцинирани мигранти, но на тенисер од светска класа не му се дозволува такво нешто? – праша репортерот.

Портпаролката на Белата куќа, Карина Жан Пјер се обиде да се направи наивна и праша кој е тој тенисер, по што доби одговор дека станува збор за Ѓоковиќ.

– Американската Влада не може да одговори за деталите за индивидуални случаи. Поради приватноста на нашата Влада нема намера да ги коментира медицинските информации за тој тенисер – кажа таа.

Одговорот не му се допадна на новинарот, кој уште еднаш посочи дека му се нанесува голема неправда на Србинот.

– Некој невакциниран не може да влезе во авион, но затоа илјадници такви доаѓаат во Аризона и Тексас и им е дозволено да останат – вели новинарот.

 

Поврзани содржини