КАВАДАРЦИ ЌЕ ДОБИЕ ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Јанчев не ги заборава и лицата со Даунов синдром (ВИДЕО)

Јанчев денеска имаше средба и со музичките  уметници од Кавадарци за кои се подготвува музичка соба.

225

Независниот кандидат за градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев денеска на прес конференција најави изградбса на Центар за лица со посебни потреби и игралиште за лица со Даунов синдром.

Како што рече Јанчев во Дневниот центар на лица со попреченост ќе се згрижат лица од регионот, при што ќе се подобрат условите за живот на 40 фамилии од регионот чии деца ќе бидат згрижени во Центарот.






Центарот ќе претставува регионален Дневен центар за лица со попреченост.

Проектот за лицата со Даунов синдром, лесен аутизам и попреченост ќе се реализра заедно со Министерството за труд и социјална политика, а ќе опфаќа изградба на игралиште, опремување и ангажман на лице кое ќе работи со овие лица.

Јанчев денеска имаше средба и со музичките  уметници од Кавадарци.

– Низ разговор заклучивме што е тоа што Кавадарци ќе го направи уште поубаво и поуспешно во делот на музиката. Во изборната програма предвиден е проект за адаптација на музичка соба која ќе им биде на располагање на сите музичари. Ќе се субвенционираат и нови музички проекти, како и формирање на градски оркестар.Кавадарци за сите музичари! – изајви Јанчев.

Поврзани содржини