КАТАСТРОФА ВО НОРВЕШКА Повеќе од 100 куќи изгореа во разорен пожар
Спасувачките служби засега немаат информации за загинати или исчезнати лица, додека пожарникарите продолжуваат со интервенцијата во областа Крокстаделва кај Драмен.
Повеќе од 100 куќи се уништени во големиот пожар што вчера избувна во близина на градот Драмен, во јужниот дел на Норвешка. И покрај огромната материјална штета, засега нема информации за загинати или исчезнати лица, соопштија норвешките спасувачки служби.
Пожарот беснеел во областа Крокстаделва во текот на попладневните и вечерните часови, при што огнената стихија брзо се проширила и уништила голем број домови.
Градоначалникот на Драмен, Цел Арне Хермансен, изјави дека станува збор за катастрофални размери.
– Можеме да зборуваме за катастрофа кога сме погодени од толку голем пожар – изјави Хермансен.
Спасувачките екипи и пожарникарите продолжуваат да работат на локализирање на пожарот и проценка на штетите, додека надлежните ги утврдуваат причините за избувнувањето на огнената стихија.