КАРОЛ НАВРОЦКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПОЛСКА Вториот круг му донесе победа
Изборната комисија изјави дека Навроцки освоил 50,89% од гласовите, или 10.606.628 гласови, додека неговиот ривал Рафал Тржасковски освоил 49,11%, или 10.237.177 гласови, објавија полските медиуми.
Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако освои 50,89% од гласовите во вчерашниот втор круг од изјаснувањето, објави изборната комисија врз основа на 100% од преброените гласачки ливчиња.
Изборната комисија изјави дека Навроцки освоил 50,89% од гласовите, или 10.606.628 гласови, додека неговиот ривал Рафал Тржасковски освоил 49,11%, или 10.237.177 гласови, објавија полските медиуми.
Излезноста беше 71,6%.
Навроцки е независен кандидат поддржан од опозициската партија Право и правда, додека Тржасковски е кандидат на владејачката Граѓанска коалиција.
Во првиот круг, 31,92% од гласачите гласаа за Тржасковски, а 30,62% за Навроцки.
На изборите право на глас имаа повеќе од 29 милиони Полјаци.