КАРАМБОЛ ВО ТЕТОВО Четири лица се повредени по судирот на три возила

. Во несреќата, 4 лица здобиле телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, по што биле пуштени на домашно лекување. На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетовo, велат од полицијата.

313

Тешка сообраќајка се случила во Тетово на улицата „Илинденска“, на крстосницата кон Универзитетот во Тетово, пишува Тетова сот.

Според првите информации нема повредени, додека во несреќата учествувале три автомобили.






– Вечерва во 19 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила: „бмв“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 21 годишник од тетовско Селце, „ауди“ со скопски ознаки што го управувал 35 годишник од Република Албанија и „бмв“ со германски ознаки управувано од Е.М на возраст од 44 години од гостиварски Градец. Во несреќата, 4 лица здобиле телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, по што биле пуштени на домашно лекување. На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово – вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Поврзани содржини