Каракачанов: Македонскиот јазик е балкански есперанто

Бугарскиот вицепремиер смета дека ако сега се признае македонскиот јазик утре ќе се бара и признавање на македонско национално малцинство во Бугарија.

3,507

Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Красимир Картакачанов вели дека македонскиот јазик е балкански  есперанто. Тој во денешното издание на емисијата „Ова утро“ на бугарската телевизија БТВ вели дека македонската нација е создадена во 1944 година со посебна доктрина „наложена со оган и меч”.

– Има ли македонски јазик? – Каков македонски јазик? Ние имаме една флексибилна формула. Договорите меѓу Бугарија и Македонија се потпишуваат на официјалните јазици според нивните устави. Тие можат тој јазик кој го нарекуваат македонски, утре да го наречат илирски под притисок на Албанците кои се 30% од населението. Тие можат да го наречат и есперанто, тој јазик всушност е едно балканско есперанто, српски зборови, турски зборови на основа на западнобугарскиот дијалект. Како сакаат можат да го наречат. За науката и за мене, тоа е бугарски јазик, бугарски дијалект –  вели Каракачанов.






Каракачанов смета дека историјата до 1944 година е на еден народ, а не на два.

– Прво – историјата до 1944 година е заедничка историја на еден народ. Не на два народа, туку на еден народ. Приказните за некаква измешана историја, ќе ми извините но…Ние имаме мешана историја со Отоманската империја, со Византија, со ерменскиот народ. Тоа не е мешана историја, тоа е една историја на еден народ – вели Каракачанов.

Тој додава дека  македонската нација е создадена во 1944 година со посебна доктрина „наложена со оган и меч”.

– Тоа дали ќе потклекнеме на едните или на другите, тоа ќе значи да го внесеш волкот во трлото и утре да си имаме проблем со претензии за македонско малцинство. Утре ќе сакаат населението во ќустендилската и во благоевградската област да го учат измислениот во 1945 година јазик. Тоа е апсурдно – вели Каракачанов.

Поврзани содржини