Мојата идеологија е епидемиологија, Комисијата за заразни болести одуките ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата, врз основа на медицина базирана врз докази, а не врз т.н. фејк њуз, одговори др. Жарко Караџовски, претстедател на Комисијата за заразни болести вечерва на прес конференција на новинарско прашање да ги коментира информациите пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките затоа што граѓаните не ги почитувале.
– Јас неможам да измислам нов народ, тој е таков каков што е, но во Комисијата не се занимаваме со таков тип на информации – рече Караџовски.
Тој додаде дека слушал секакви шпекулации за коронавирусот, дека здравствените лица измислувале и болеста не постои, затоа апелираше до граѓаните што така мислат да се стават во кожата на фамилиите на 116 починати, за да можат да ја сфатат неговата опасност.
На новинарско прашање дали се очекува нов бран на зараза од коронаирусот, Караџовски одговори дека се очекува да слабее силината на вирусот и дека државата може да ја држи состојбата под конрола затоа што веќе има изградено систем за спраување со ковид-19.
– Лично не очекувам зголемен број дотаму да ние да не можеме да го држиме под контрола – рече Караџовски додавајќи дека и кога имаше сто случаи дневно ја држеле состојбата под контрола зашто во резерва биле спремни илјада кревети и монтажна болница.
Во моментов има, рече тој, само 59 хоспитализирани на Инфективна клиника, 22 во ГОБ „8 Септември“ и 20 пациенти во инфективните одделенија во болниците низ државата.
Тој информира дека пет градови во кои има познати кластери на вирусот се држат под контрола и оти се познати лицата кои се во изолација и се знаат нивните непосредни контакти во изминати 15-ина дена.
– Никаде во светот не може денес да ви рече некој што ќе се случува за месец, два, три. Меѓутоа, цел свет кажува дека силината или вируленцијата на вирусот КОВИД-19 слабее. Според податоците од земјите на ЕУ, каде се намалува бројот на заболени, за неколку стотини проценти е намалена можноста за инфекција – додаде д-р Караџовски
Во периодов од 14 дена имаме просечно од 10 до 40 регистрирани случаи, на дневна основа тоа се во просек по 24 заразени лица. Во последниве 14 дена имаме помал број на смртни случаи на дневно ниво, рече Караџовски.
Тој потсети дека денеска се навршуваат 88 дена како функционира Комисија за заразни болести.
– Направени се 92 записници, а тоа е континуирана работа. Ние се трудиме да бидеме тука за граѓаните, да помогнеме. На денешната седница констатиравме дека соодветно се почитуваат нашите препораки, нашите алгоритми, при што преземените мерки дадоа одредени резултати – рече Караџоски.