Канје Вест и натаму во трка за претседател на САД, на листата е во Оклахома

325

Американскиот рапер Канје Вест уплатил 35.000 долари надомест за да се кандидира како независен кандидат и ќе се појави на гласачкото ливче во сојузната држава Оклахома – пренесува „Гардијан“.

Вест е еден од тројцата кандидати кои платиле партиципација за учество на изборите како независни кандидати. Негови конкуренти меѓу независните се пијанистката Џејд Симонс и претприемачот Брок Пирс.

Претходно, советникот на Вест, Стив Крејмер, рече дека тој се повлекол од изборите.

 

Поврзани содржини