📽️ КАМИОНИ ЗГМЕЧИЈА ПИКАП СО СВАДБЕНИ ГОСТИ ВО ИНДОНЕЗИЈА Најмалку 13 лица загинаа во страшна несреќа

Гостите се враќале од свадба кај селото Индрамају кога нивниот пикап бил удрен од камион и исфрлен на спротивната коловозна лента. Втор камион потоа повторно удрил во возилото.

34

Најмалку 13 лица загинале во тешка сообраќајна несреќа во Индонезија, кога два камиона згмечиле пикап со свадбени гости. Трагедијата се случила на автопат во близина на селото Кијаран Кулон, во областа Индрамају. Гостите се враќале од свадба во соседното село Пареан.

– Пикапот забавил и застанал на разделната лента за да направи полукружно свртување, кога одзади во него удрил камион кој се движел во иста насока – изјави началникот на локалната сообраќајна полиција, Унданг Сариф Хидајат.






Тој додаде дека од ударот пикапот бил исфрлен во спротивната коловозна лента, каде што повторно бил удрен од друг камион.

– Силниот судир исфрлил повеќе од десетина луѓе од пикапот на автопатот – изјави началникот.

Петмина преживеани се пренесени во болница со повреди.

„Властите ја истражуваат причината за несреќата“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини