КАМЕРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 2 ЧАСА УЛОВИЛЕ 5.000 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ Дали се ближи крајот на лудото возење?
Од МВР засега не откриваат премногу што се ќе се казнува, бидејќи законот за камерите треба да ја заврши потребната собраниската процедура.
За неколкучасовното тестирање на камерите на „Безбеден град“ се забележани повеќе од 5.000 сериозни сообраќајни прекршоци, објави Канал 5.
Дел од булеварите и улиците во метрополата веќе добиваат „нови очи“ кои ќе ги ловат несовесните возачи, ноќните тркачи по улиците и сите оние кои го загрозуваат својот и животот на околината на било каков начин…
На булеварите се вози брзо, а често не се почитува ниту црвеното светло на семафорите, па во недостаток на полиција и радар, камерите ќе ги документираат овие прекршоци, објави Канал 5.
Од МВР засега не откриваат премногу што се ќе се казнува, бидејќи законот за камерите треба да ја заврши потребната собраниската процедура. Она што е засега познато е дека клучен ќе биде сегментот за брзото возење и поминување на црвено. Сепак, според некои информации, се бара модалитет да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување, непочитување на сообраќајните знаци.
Новите камери кои се поставуваат во Скопје се дел од проектот „Безбеден град“ кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект, јавноста ќе биде соодветно известена, велат од МВР и тоа е засега сѐ што откриваат.