🎥 КАЛИФОРНИЈА ЗАТРУПАНА СО СНЕГ! Невообичаено силна зимска бура го зафати западниот дел на САД

Поради невремето илјадници домаќинства останаа без струја на територијата на сојузните држави Калифорнија и Невада.

262

Снежна бура го зафати западниот дел на САД, односно сојузните држави Калифорнија и Невада, каде илјадници домаќинства останаа без струја.

Калифорнија и Невада исто така беа погодени од дожд и ветрови со брзина поголема од 100 милји на час.






Стотици возачи останаа заглавени на автопатот Интерстејт – 80 меѓу Рено и Сакраменто поради снежната бура и намалената видливост, а властите мораа да затворат повеќе од 160 километри од фреквентниот пат.

Официјални лица изјавија дека има повеќе извештаи за несреќи и возачи кои ја изгубиле контролата над возилото.

Повеќе од 7.000 домови во Калифорнија останаа без струја во текот на викендот.

Поврзани содржини