КАЛАС ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА ПРЕМИЕР Новата влада на Естонија ќе биде избрана в август

Премиерката на Естонија, Каја Калас, ја поднесе оставката до претседателот Алар Карис откако беше номинирана за висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност. Кон крајот на летото Калас ќе поднесе оставка и од функцијата претседател на Реформската партија.

249

Премиерката на Естонија, Каја Калас, денеска поднесе оставка од функцијата.

Оставката ја поднесе до претседателот Алар Карис откако беше номинирана за висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, пишува естонскиот портал EРР. Се наведува дека кон крајот на летото Калас ќе поднесе оставка и од функцијата претседател на Реформската партија.






Калас е премиерка на Естонија од 2021 година и предводеше три последователни влади.

Како што е наведено, во тек се преговори меѓу Реформската партија, СДЕ и Еести 200 за продолжување на актуелната владејачка коалиција, а овие преговори во име на реформистите ги води Кристен Михал кој е предложен за претседател на Реформската партија.

Според процедурата, претседателот Карис ќе разговара со партиите, а потоа ќе го додели мандатот.

Новата влада треба да биде избрана на почетокот на август.

Поврзани содржини