КАКВИ СОВЕТИ ОЧЕКУВА ОД ФУДБАЛЕРОТ? Зеленски го назначи Шевченко за свој советник

Во објавениот декрет не беше прецизирано каква ќе биде функцијата на легендарниот фудбалер.

523

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи поранешниот фудбалер Андриј Шевченко за свој советник.

Оваа вест е објавена на сајтот на претседателот на државата, а за неа пишуваат и украинските медиуми.

Во објавениот декрет не беше прецизирано каква ќе биде функцијата на легендарниот фудбалер.

Шевченко во текот на кариерата играше за Динамо Киев, Милан и за Челзи, а во 2004 година ја освои Златната топка.

Тој беше селектор на Украина од 2016 до 2021 година.

Поврзани содржини