Како Љубчо кршеше табуа
Скрши јако табу и со Окта, каде покрај криминалната провизија, за штетниот договор, до скоро, секоја година плаќавме милионски пенали.
Како вика Љубчо, 20 години кршел табуа.
Јаки табуа скрши со оној Љубе и Раштански лозја каде потепа ко пилци сесум Пакистанци.
Јако табу скрши и што дозволи увоз на косовското прашање.
Скрши јако табу и со Окта, каде покрај криминалната провизија, за штетниот договор, до скоро, секоја година плаќавме милионски пенали.
И сега крши табуа, како од просјак стана крими премиер, па бизнисмен кој се бави со градежништво.
Најјако табу скрши што како премиер не мрдна со мал прст околу Бугарија, а сега кога има на власт премиер кој нема идеолошки, национални и морални скрупули, се утепа од работење за бугарското прашање и интерес.
Уште една работа!
Љубчо беше во Софија, отиде наводно да помогне, како што гледаме – испаѓа дека не поминал најдобро, ниту пак дека нешто ни помогна.
Наместо тоа, сега го подига влогот базиран на личен протагонизам, лиферувајќи идеи и предлози кои одат во интерес само на Софија и на оправдување на нејзиното мешање во внатрешните работи на Македонија.
(ФБ статус на авторот, насловот е редакциски)