КАКО МОЖЕ ДА СЕ ПРИЗНАЕ ЦРКВА БЕЗ НАРОД? Архимандритот Царкањас вели дека МПЦ не смее да го даде името

За ова е виновен архиепископот Стефан. Народот е македонски, а историското име на црквата е Охридска архиепископија. Не може мајката да биде ќерка ни на српската, ниту на бугарската црква, вели Царкањас.

3,797

Архимандритот Никодим Царкањас од Грција, кој е свештено лице на МПЦ-ОА реагира на одлуката на Цариград да се признае Охридската архиепископија, велејќи дека не може да се признае црква без народ, односно без името Македонија. Според него, срамно би било МПЦ да ја прифати одлуката, која е политичка и срамна, туку напротив, треба да се издржи во битката за целосно признавање бидејќи „не може мајката да биде ќерка на српската и бугарската црква“.

Тој своите ставови ги изнесе во видеопорака на Фејсбук.  






– За ова е виновен архиепископот Стефан. Народот е македонски, а историското име на црквата е Охридска архиепископија. Не може мајката да биде ќерка ни на српската, ниту на бугарската црква. Треба да се издржи, ќе пројде и руско-украинскиот проблем и сѐ ќе си дојде на ред. Трпение – спасение. Името Македонија да не се дава – вели Царкањас.

Поврзани содржини