Сопругата на најдобриот српски тенисер и директорка на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, Јелена Ѓоковиќ, е една од најпознатите жени во Србија уште од 2014 година, кога се венча со Новак.
Сепак, оттогаш и нејзиниот начин на живот го привлекува вниманието во јавноста.
Имено, Јелена со години е на растителна исхрана, а на својот инстаграм-профил често споделува совети и рецепти за оброци кои што секојдневно ги консумира. Таа уште во април кога имаше вклучување во живо на Инстаграм, откри дека и нивните деца исто така се на растителна исхрана, пишува „Телеграф.рс“.
– Стефан имаше нормална исхрана со месо и риба првата година и пол, а потоа премина на растителна исхрана и многу е добро и многу е здрав, а Тара од почетокот јаде само растителна храна, му благодарам на Бог никогаш не сме имале проблеми со нејзиното здравје. Децата се целосно на растителна исхрана, и зелен зеленчук, изблендирано, без никакви проблеми, јадат компири како луди и краставици и моркови. Им давам и смуди, сумплементи, шејкови. И не пржиме туку вариме, јадат варен компир или пире – опишала Јелена.
Сепак, токму поради таквиот начин на исхрана Јелена често е на мета на критики, додека едни ѝ забележуваат што во последно време многу ослабнала, како и дека нејзиниот начин на исхрана е екстремен, други сметаат дека никогаш подобро не изгледала.
Факт е дека Јелена многу се променила во последните години. Меѓутоа, токму благодарение на таквиот начин на исхрана го задржала и здравјето и совршената линија по двете породувања.
ФОТО: Инстаграм