🎥 КАКО ИЗГЛЕДА СЛОБОДАТА ПО 7 ГОДИНИ ПОМИНАТИ В ЗАНДАНА?! Оваа 23-годишна Палестинка била затворена кога била девојче, но сега си дојде дома
Асеел Ел-Тити, 23-годишна затвореничка која беше ослободена вчера, изјави за Си-Ен-Ен дека дури тоа утро дознала дека е ослободена.
Триесет и девет лица беа ослободени од израелските затвори вчера, согласно договорот меѓу Израел и Хамас, со кој исто така беа ослободени 24 заложници од Газа на почеток на четиридневниот прекин на огнот.
Меѓу ослободените се 22 жени, како и две девојчиња. Ослободени се и 15 тинејџери помлади од 18 години – најмладиот има 14 години, пренесе Индекс.хр
Многу од затворените Палестинци и не знаат зошто биле затворени.
Некои отслужуваат казни за напади врз Израелци, додека многу други се во административен притвор, што е многу критикувана практика во која луѓето се држат без знаење за обвиненијата против нив и без никаков правен процес.
Асеел Ел-Тити, 23-годишна затвореничка која беше ослободена вчера, изјави за Си-Ен-Ен дека дури тоа утро дознала дека е ослободена.
Дописничка на Си-Ен-Ен, во репортажа во живо рече дека Ел-Тити е обвинета за обид за напад со нож и дека нејзиниот случај предизвика бројни критики за односот на Израел кон приведените Палестинци.
Израелската влада им забрани на семејствата на ослободените Палестинци да го слават нивното ослободување од затвор и се закани дека ќе ги обвини за тероризам доколку го прослават нивното ослободување.
After 7 years, Melek became free.
The first moments when reunited with mother. pic.twitter.com/Q883txVTnb
— Aqssss (@AqssssFajr) November 24, 2023