КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ ВО ВРЕМЕ НА НАСТИНКИ И ОПАДНАТ ИМУНИТЕТ Неколку корисни совети од dm и нутриционистката Симона Коруновска
Дали сте знаеле дека големо влијание врз нашиот имунитет имаат токму цревата? Во нашите црева имаме бактерии кои се различни кај секого и се развиваат врз основа на тоа што јадеме, па така, постојат добри и лоши бактерии. Кои ќе преовладаат зависи од нас.
Сите сме почувствувале на своја кожа дека нашиот имунитет опаѓа во студените зимски месеци, кога се распространети настинки, грипови и други вируси, што значи дека ни е потребна помош во борбата со инфекциите. Со цел да сподели знаења и искуства кои би придонеле подобро да се чувствувате во вакви ситуации, dm drogerie markt почна соработка со нутриционистката Симона Коруновска. Заедно со неа, во следниот период ќе споделуваме практични и корисни совети со коишто, се надеваме, ќе ви помогнеме да го зајакнете имунитетот и полесно да се справите со вирусите.
Познато е дека, кога сме болни, на имунитетот му се потребни поголемо количество енергија, нутриенти и многу течности. Причината за тоа е едноставна – телото веќе троши зголемен обем енергија во борбата со инфекцијата. Затоа, кога сме настинати, многу е важно соодветно да се хидрираме и да консумираме оброци со хранлива вредност од висок квалитет. Во вакви моменти советуваме да се јадат домашни супи, кои на природна база содржат доволно ниво електролити, потоа свежо овошје и зеленчук, како и житарки, мешунки и храна богата со протеини.
Повеќе на оваа тема можете да се погледнете во видеото:
Што да правите кога имате настинка? – YouTube
Од друга страна, колкумина од нас се информирани дека храната што ја внесуваме додека сме настинати може да ни помогне во процесот на заздравување? Дали сте знаеле дека големо влијание врз нашиот имунитет имаат токму цревата? Во нашите црева имаме бактерии кои се различни кај секого и се развиваат врз основа на тоа што јадеме, па така, постојат добри и лоши бактерии. Кои ќе преовладаат зависи од нас. Оттука гледаме дека правилната исхрана навистина може да ни помогне да спречиме многу болести. Цитрусните овошја, шумското овошје, печурките, црвената пиперка, лукот, брокулата, спанаќот, ѓумбирот, киселото млеко, грчкиот јогурт, куркумата, ѓумбирот, зелениот чај, кивито, месото од живина, масните риби, темното чоколадо, семето од сончоглед се само дел од производите кои можат да влијаат врз имунитетот. Производи од асортиманот на dm кои може да ви бидат од корист се зачин за супа, леќа, хељда, киноа.
Сакате да дознаете повеќе како да го зајакнете имунитетот преку исхраната? Погледнетe го видеото:
Како се зајакнува имунитетот? – YouTube
Ова се само дел од многуте корисни совети што можат значително да ги подобрат нашето здравје и опаднатиот имунитет, а токму овој период од годината е најдобар за секој од нас да почне да ги практикува со цел подобро да се соочи со потенцијалните инфекции.