КАКО ДА НЕ ВИ ОСТАРИ МОЗОКОТ? Движете се, читајте и ниту капка алкохол
Пушењето и пиењето алкохол се причина број еден, а понатаму дијабетесот, високиот холестерол и крвниот притисок, исто така, имаат лошо влијание врз нашиот мозок.
Од што најчесто и најбрзо старее нашиот мозок и како да избегнеме да бидеме сенилни? Научниците открија кои се главните причини кои предизвикуваат да забораваме, да ни паѓа концентрацијата. Секако, постои и стандардното умирање на мозочните клетки што си доаѓа со возраста. Но, добрата вест е, ако ги следите овие совети и редовно се придржувате до нив, нема да имате никаков поголем проблем.
Што го предизвикува стареењето на мозокот?
Пушењето и пиењето алкохол се причина број еден, а понатаму дијабетесот, високиот холестерол и крвниот притисок, исто така, имаат лошо влијание врз него. Иако притисокот и холестеролот пред сѐ влијаат врз здравјето на срцето, тие му штетат и на мозокот. Истражувањата покажуваат дека високиот притисок води кон послаба когнитивна активност и ја зголемува можноста за Алцхајмерова болест.
За да се спречи или забави стареењето на мозокот, треба редовно да го вежбаме…Тука помагаат разните игри, читањето, како и промената на одредени животни навики. Еве некои од нив.
- Решавајте крстозбори, читајте или учете нешто
Пред сѐ, важно е да го одржуваме мозокот активен и постојано да му даваме нови задачи во облик на решавање крстозбори, загатки или едноставно – читање книги и написи на различни теми. Учењето нови работи секогаш помага.
- Вежбајте, добро е за телото, но и за умот!
Покрај телото, преку вежбањето се зајакнува и мозокот. Физичките вежби го олеснуваат протокот на кислород до делот од мозокот кој служи за размислување. Покрај кардио-вежбите во комбинација со оние за сила, пешачењето исто така има одличен ефект.
Можат да Ви помогнат и одредени вежби во коишто е вклучен мозокот, како што е лежењето на грб и поместувањето на една нога со спротивната рака, наизменично.
- Оревите се храна за мозокот
Често се вели дека одредени јадења се „храна за мозокот“. И ова се покажало како точно. Така, науката потврди дека медитеранската храна, оревите и конзумирањето многу овошје и зеленчук имаат корисен ефект врз работата на мозокот.
- Витамин Д, Омега-3 и Б12 се едни од најбитните витамини
Витаминот Д е важен за помнењето. А подеднакво е важно и да се внесуваат Омега-3 масни киселини, витамин Б12, а доколку е потребно – и додатокот познат како „гинко“.
- Добар сон значи помал стрес
Стресот може негативно да влијае на менталното здравје, па така, и на здравјето на мозокот. За да се ослободиме од вишокот стрес, можеме да практикуваме и медитација, да размислуваме помалку за грижите, а тука помагаат и техниките на дишење. Квалитетниот сон е основен и најважен фактор во оваа смисла.