КАБУЛ СЕ ТРЕСЕ Пукна и третата бомба, загинаа 12 американски војници

Во претходните две денешни експлозии, најмалку 12 припадници на американската армија го загубија животот, а најмалку 15 се повредени, изјави генералот Кенет Мекензи, шеф на американската Централна команда.

3,829

Известувачите на некои светски медиуми на социјалните мрежи информираа дека во Кабул имало уште една екплозија.

Доколку информацијата се потврди, тоа ќе биде трет напад денеска во авганистанскиот главен град.






Некои светски медиуми јавија дека околу аеродромот во Кабул се слушаат истрели.

Во претходните две денешни експлозии, најмалку 12 припадници на американската армија го загубија животот, а најмалку 15 се повредени, изјави генералот Кенет Мекензи, шеф на американската Централна команда.

– Денеска е тежок ден – рече Мекензи.

Мекензи информира дека во нападот учествувале двајца бомбаши самоубијци, по што вооружени лица отвориле оган.

Пред денеска, последен пат американски војници беа убиени во Авганистан во февруари 2020 година.

Поврзани содржини