Синоќа околу 21:30 часот во Полициска станица Центар, З. Д. (42) од Скопје пријавила дека околу 16:00 часот во парк на кејот на реката Вардар, во близина на угостителски објект на подрачје на Центар, нејзиниот малолетен син, откако неговиот домашен миленик бил нападнат од друг миленик, бил физички нападнат од сопственикот на миленикот.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.