ИЗВОЗОТ ЗАКЛУЧНО СО АПРИЛ ИЗНЕСУВА 3,25 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Повеќе од половината е остварен со Европската Унија
Во периодот јануари – април 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50,4 % во вкупниот обем на размената.
Во периодот јануари – април 2026 година во споредба со истиот период од ланската година е забележан речиси еднаков раст на извозот и увозот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 3,25 милијарди долари што споредено со истиот период лани е раст од 16,8%. Вредноста на увезената стока во периодот јануари – април 2026 година, порасна за 16% и изнесува 4,62 милијарди долари.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – април 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50,4 % во вкупниот обем на размената.
Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,3 % во вкупната размена.