ИЗВИНЕТЕ НА ИЗРАЗ, АМА ТОА Е СРАЊЕ, ТОТАЛНА ЛАГА! Израелски историчар за бугарското тврдење дека не се одговорни за холокаустот на македонските Евреи (ВИДЕО)
Многу е важно да се идентификуваат луѓето кои се одговорни за депортацијата на Евреите од Македонија. Зборуваме за Бугарите – вели израелскиот историчар на холокаустот д-р Ефраим Зуроф.
Извинете што ќе го искористам тој израз, но тоа е срање (bullshit), тотална лага, тие се целосно одговорни за депортацијата на Евреите од Македонија, тие го сторија тоа и треба да чуствуваат вина за испраќање во смрт на овие невини луѓе, жени, деца, стари, чија единствена вина беше тоа што се Евреи – изјави за „Канал 5“ израелскиот историчар на холокаустот и директор на Центарот „Симон Визентал“ во Ерусалим д-р Ефраим Зуроф.
– Многу е важно да се идентификуваат луѓето кои се одговорни за депортацијата на Евреите од Македонија. Зборуваме за Бугарите, кои ги спасија нивните 50.000 Евреи, не ги депортираа во Треблинка, но од териториите кои ги добија од нацистите, откако се приклучија на силите на оската, територии од Југославија, Грција, Србија, секако и Македонија, тие ги собраа сите Евреи и ги испратија во Треблинка и ниту еден од нив не се врати. Мислам дека се 11.343 од Пирот, од Тракија и од Македонија – вели д-р Зуроф.
Тој вели дека е несомнено дека за депортацијата на македонските Евреи е одговорна Бугарија, но одвратно е што сега се прави притисок за да не се открива вистината.