ИЗРАЕЛ ПРЕЗЕДЕ ЦЕЛОСНА ОДГОВОРНОСТ Нападот врз лидерите на Хамас во Доха е нивна операција
Канцеларијата на израелскиот премиер истакнува дека нападот бил независна операција на Израел, за која земјата ја презема целосната одговорност, а Трамп бил информиран и ја поддржал акцијата.
Израел ја презема целосната одговорност за нападот врз лидерите на Хамас во Доха, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Во соопштението на канцеларијата, објавено на англиски јазик, се наведува дека операцијата била целосно израелска и независна, без учество на други земји.
„Денешната акција против врвните терористички челници на Хамас беше сосема независна израелска операција. Израел ја иницираше, Израел ја изведе и Израел презема целосна одговорност“, се додава во соопштението.
Според израелските медиуми, претседателот на САД, Доналд Трамп, бил запознаен со планот за нападот и ја дал својата поддршка за операцијата.
Овој напад доаѓа во контекст на зголемените тензии во регионот и меѓународните напори за посредување во конфликтот меѓу Израел и Хамас.