ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА, ТРАМП БАРА КРАЈ НА ВОЈНАТА Палестинците и ОН предупредуваат дека никаде во енклавата не е безбедно
Израелската војска се спрема за нова офаза во офанзивата против Хамас и најави дека ќе ги засили нападите, со цел „уништување на терористичките структури“. Наредбата за евакуација опфаќа населби во Џабалија и во делови од градот Газа. Во раните утрински часови таму се пријавени жестоки напади, со најмалку 6 загинати. Петмина се убиени и во напад кај камп во Маваси.
Израелската војска повика на евакуација на населението од северна Газа додека се подготвува за нова фаза од офанзивата против Хамас. Истовремено, американскиот претседател Доналд Трамп повика на завршување на војната, истакнувајќи дека треба да се постигне договор за ослободување на заложниците, објави Ројтерс.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху, според најавите, ќе добие информации од воените власти дека операцијата е блиску до постигнување на своите цели. Меѓутоа, се предупредува дека ширењето на конфликтот во нови делови од Газа може да ги загрози останатите израелски заложници.
Израелските сили испратија СМС пораки и објави на социјалните мрежи, повикувајќи ги жителите од северната енклава да се преместат во јужниот дел, кон Ал-Маваси во Кан Јунис – област прогласена за хуманитарна зона. Сепак, според Палестинците и според ОН, ниедно место во Газа не е навистина безбедно.
Израелската војска најави дека ќе ги засили нападите во тие области со цел „уништување на терористичките структури“. Наредбата за евакуација опфаќа населби во Џабалија и делови од градот Газа. Во раните утрински часови таму се пријавени жестоки напади, со најмалку 6 загинати. Петмина се убиени и во напад кај камп во Маваси.
Истовремено, Египет и Катар, со поддршка од САД, започнаа нова рунда преговори за прекин на огнот и за ослободување на заложниците, особено откако тензиите се зголемија по воздушните напади врз ирански нуклеарни објекти.
Хамас, преку посредници, изразил подготвеност да продолжи со преговорите, но бара секој договор да вклучува крај на војната и целосно повлекување на Израел од Газа. Групата истакна дека би ги ослободила заложниците – од кои 20 се верува дека се сè уште живи – само ако се постигне договор кој вклучува прекин на конфликтот. Израел, пак, инсистира дека војната може да заврши само ако Хамас се разоружа и се распушти, што групата го одбива.
Трамп побара постигнување договор во објавата на својата социјална мрежа Трут сошал (Truth Social)
„Направете договор во Газа. Вратете ги заложниците“, напиша тој.
Објавата дојде неколку часа откако Трамп по вторпат ги повика израелските обвинители да го затворат случајот против премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека тој „моментално е во процес на преговори за договор со Хамас, кој ќе вклучува враќање на заложниците“.