ИЗРАЕЛ БЕСЕН ПОРАДИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР Тел Авив ја обвини добитничката за пристрасност, спомна и едно контроверзно име

Израелското Министерство за надворешни работи остро реагираше на изборот на јужноафриканската адвокатка Нави Пилај, обвинувајќи ја за ширење лаги и демонизација на Израел. Во реакцијата беше споменат дури и министерот за пропаганда на нацистичка Германија Јозеф Гебелс.

0

Доделувањето на Нобеловата награда за мир на јужноафриканската адвокатка Нави Пилај предизвика жестока реакција од Израел, чие Министерство за надворешни работи го обвини Нобеловиот комитет дека наградува личност која, според израелските власти, шири омраза и невистини за земјата.

Израелското МНР преку објава на платформата Икс ја нападна Пилај, обвинувајќи ја за политички мотивирана кампања против Израел.






„Доколку имаше награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај немаше да биде само кандидат. Таа ќе беше лидер“, се наведува во објавата.

Министерството оцени дека нејзината улога во, како што тврди, „политички мотивираната демонизација на Израел“ зборува сама за себе.

Особено остра беше реакцијата на самата одлука на Нобеловиот комитет, која израелската дипломатија ја поврза со обвинувањата за геноцид во Појасот Газа.

„Нобеловиот комитет ја додели најголемата лага на 21 век. Јозеф Гебелс сигурно аплаудира од пеколот“, се наведува во реакцијата.

Израелското Министерство за надворешни работи смета дека наградата не претставува признание за борбата за правда, туку политичка злоупотреба на нејзиното значење.

„Доделувањето на Нобеловата награда за мир на Нави Пилај не е признание за правда. Тоа е гротескно претворање на наградата во оружје за легитимирање на омразата и предрасудите кон Израел“, соопшти Министерството.

Критиките на Израел кон Нави Пилај се насочени кон нејзиниот ангажман во три клучни тела на Обединетите Нации: како Висок комесар за човекови права, претседавач со Конференцијата во Дурбан и шеф на Независната истражна комисија за Израел и Палестина.

Според израелските власти, овие институции и нивните извештаи за Газа манифестираат постојана, политички мотивирана пристрасност и несразмерен фокус против нивната држава.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се приклучи кон жестоките државни осуди по повод доделувањето на наградата за Нави Пилај.

„Комитетот за Нобелова награда го изгуби својот морален компас. Тој го додели своето највисоко признание на фанатик кој ја изгради својата кариера околу измислување и ширење крвави клевети против едната и единствена еврејска држава“, напиша Нетанјаху.

Поврзани содржини