ИЗРАЕЛ ЈА ПЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА УБИСТВОТО НА ТРОЈЦАТА ЗАЛОЖНИЦИ ВО ГАЗА Не можеме да го вратиме времето назад рече Нетанјаху

Заложниците беа убиени од израелските војници иако вееја импровизирано бело знаме и беа невооружени.

275

Началникот на Генералштабот на Израел, Херзи Халеви, вечерва ја презеде одговорноста за убиството на тројцата заложници кои вчера беа убиени од израелски војници во Газа.

Заложниците беа убиени иако вееја импровизирано бело знаме и беа невооружени.






– Забрането е да се пука во оние кои го креваат белото знаме и бараат да се предадат. Тоа што е направено е прекршување на правилата за служба – рече Халеви, но додаде дека пукањето било извршено за време на борба и под стресни околности, објавија израелските медиуми.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва на прес-конференција во Тел Авив истакна дека вчерашното трагично убиство на тројцата израелски заложници од страна на ИДФ „ги скрши срцата на нацијата“. Но, тој нагласи дека копнената операција на ИДФ ќе продолжи, а војната ќе продолжи се додека Хамас не биде уништен.

– Ние се бориме за нашето постоење и мораме да продолжиме до победата и покрај меѓународниот притисок и загубите што Израел ги трпи- реле Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој кажа дека жали за „трагичната смрт на тројца заложници“ – Јотам Хаим, Самар Талалка, Алон Шамриз – кои по грешка беа убиени вчераутро од војниците на ИДФ.

– Тие дојдоа до спасот, а потоа се случи катастрофата. Но, не можеме да го вратиме часовникот назад – рече Нетанјаху истакнувајќи дека сите војници знаат дека „растојанието помеѓу победата и катастрофата е колку влакно“

Нетанјаху нагласи дека Израел ќе ги опродолжи напорите за враќање на заложниците

– Ќе ги научиме лекциите. Израел ќе ги задржи воените и дипломатските напори да ги врати назад сите заложници – пренесе „Тајмс од Израел“.

Семејствата на израелските заложници кои повеќе од два месеци се заробени во Појасот Газа, во меѓувреме апелираа до Владата на Израел да ги прекине борбите и да преговора за нивно ослободување.

Откако вчера израелски војници случајно убија тројца заложници на северот на Појасот Газа, семејствата бараат Владата на Израел да иницира нов договор за ослободување на нивните членови.

Поврзани содржини