ИЗРАЕЛ ЈА КОРИСТИ ГАЗА КАКО ПОЛИГОН ЗА ТЕСТИРАЊЕ НОВО ОРУЖЈЕ Застрашувачко сведовштво за израелските напади на палестинската територија

Она што го видовме во последните два месеци е навистина огромни количини на нова технологија, особено беспилотни летала, квадкоптери кои пукаа во палестинските области, вклучително и во цивилните области - посочува новинарот Ентони Ловенштајн, автор на книгата „Палестинската лабораторија“.

937

Ентони Ловенштајн, автор на книгата „Палестинската лабораторија“, вели дека Израел ја користи Газа како „клучен полигон за тестирање на ново оружје“.

– Тоа понекогаш смртоносно, а понекогаш само за надзор. Значи, она што го видовме во последните два месеци е навистина огромни количини на нова технологија, особено беспилотни летала, квадкоптери кои пукаа во палестинските области, вклучително и во цивилните области – изјави Ловенштајн за Ал Џезира.
Ловенштајн рече дека Израел води војна користејќи вештачка интелигенција уште од војната во 2014 година, но дека тоа сега „навистина добива на интензитет“.






Тој наведува дека со користење на таква технологија во својата војна против Хамас, Израел работи на притисок врз израелската јавност, а исто така и врз меѓународната заедница „во обид да добијат поддршка за бруталната војна во Газа“.

Поврзани содржини