ИЗЛЕЗНОСТА ДО 13 ЧАСОТ Е 25,28% Според податоците од ДИК, до овој период гласало 263.121 лице
Според податоците на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК) излезеноста на избирачките места на првиот круг од претседателските избори до 13 часот е 25,28% или гласале 263 121 гласачи.
Овие проценти и бројки, според податоците на ДИК, се врз основа на обработени 1 040 949 избирачи.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Тие бираат меѓу 7 кандидати за претседател во првиот круг од претседателските избори.