ИЗЛЕЗНОСТ ОД 24,88 ОТСТО ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ Најголема излезност има во Карпош 29,54 отсто, а најмала во Сарај 10,47 отсто.
Според податоците на ДИК на ниво на Град Скопје излезноста до 13 часот е 24,88 отсто.
Во скопските општини до 13 часот излезноста е иста со онаа во земјава од 24,8 отсто, информира претседателот на ДИК, Алекандар Даштевски.
Најголема е излезноста во општината Карпош 29,54 отсто, во Центар 28,19 отсто, Кисела Вода 27.03 отсто, Бутел 22 отсто, Чаир, 19,82 отсто, во Шуто Оризари 15,72 отсто.
Најмала излезност има во општина Сарај каде што до 13 часот гласале само 10,47 отсто од гласачите.