ИЗЛЕТА ОД ПАТ АВТОМОБИЛ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГАШИ Тројца повредени полицајци во сообраќајка на магистралата Кичево-Охрид

Тројца полицајци се на лекување во охридската болнива „Св. Еразмо“ откако претпладнево во 10.45 часот излетале со службеното возило кај Ново Село, на пат кон Охрид.

527

Возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши претпладнево излетало на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново Село, општина Дебрца, соопшти СВР Охрид.

„На 6.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило сеат алтеа, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници. По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид“, информираше охридската полиција.






По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото на несреќата.

Претседателот на Собранието Африм Гаши денека е во  Охрид, во посета на локалната канцеларија за одржување на средби меѓу пратениците и граѓаните.

Поврзани содржини