Изгубивме уште 19 животи од коронавирусот, 11 починати се од Скопје
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.646, бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати е 3.319, а бројот на активни случаи изнесува 11.640.
Министерството за здравство информирa дека во последните 24 часа се направени 2.789 тестирања, а регистриран е 541 нов случај на ковид-19. Починати се 19 пациенти.
Регистриран е 521 оздравен пациент од: Скопје 166, Прилеп 72, Охрид 54, Кавадарци 47, Неготино 40, Куманово 28, Тетово и Кочани по 18, Велес, Струга и Крива Паланка по 15, Гевгелија 5, Богданци 4, Крушево 3, Битола, Пробиштип, Виница, Демир Хисар, Кратово, Демир Капија и Пехчево- по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Берово и Македонски Брод по 1.
Пријавени се вкупно 19 починати лица, на возраст од 55 – 89 години и тоа: 11 пациенти од Скопје, од Куманово и Кавадарци – по 2 починати лица и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово. 18 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Направени се 2.789 тестови преку: ИЈЗ-696, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-354, Биотек-345, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина-335, лабораторија Лаор–412, Судска медицина-1, ЦЈЗ Битола-96, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-39, Ремедика-17, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 251, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0.
Досега во земјата се направени вкупно 566.183 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.646, бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати е 3.319, а бројот на активни случаи изнесува 11.640.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)