ИЗГОРЕА ДВЕ ВОЗИЛА ВО АЕРОДРОМ Жителите слушнале експлозии, причината сè уште непозната

Во интервенцијата учествувале едно противпожарно возило и пет пожарникари. Причината за пожарот и материјалната штета сè уште се утврдуваат.

1,575

Утрово, околу три часот, на паркингот кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром, изгореа две возила.

Според сведочењата на жителите, биле чуени експлозии пред пристигнувањето на противпожарната единица.






Командирот Ѕвонко Томевски изјави дека пожарот почнал од едно возило, марка „Сеат Ибица“ со скопски регистарски таблички, и потоа се проширил на друго возило, „БМВ“ со прилепски таблички.

Во интервенцијата учествувале едно противпожарно возило и пет пожарникари. Причината за пожарот и материјалната штета сè уште се утврдуваат.

Поврзани содржини