ИЗБРАНИ НЕВЕСТАТА И ЗЕТОТ ВО ГАЛИЧНИК Годинава среќата им се падна на Оливер Андреевски и Елисавета Булоска

Оливер е с со потекло од галичката фамилија Шулески, а додека Елисавета е со потекло од Охрид. Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает!, велат од организацијата на настанот.

300

Иливер Андреевски и Елисавета Булоска ќе бидат овогодишните зет и невеста на традиционалната Галичка свадба. Месната заедница Галичник го објави следново:

„Драги галичани и љубители на Галичник,






Со голема радост Ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2023 година, советот на МЗГ го избра среќниот пар. Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. Парот ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.
Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, вгодина на крштевка!

За многу години да им е љубовта и среќата!“

Поврзани содржини